Коди Гакпо пред суспензија поради пораката „Јас му припаѓам на Исус“

Холандскиот интернационалец и член на Ливерпул, Коди Гакпо, се соочува со казна и можна суспензија поради пораки со религиозна содржина. Тој го прослави голот против Тотенхем со кревање на дресот, а на маичката пишуваше „Јас му припаѓам на Исус“, порака која во минатото ја користеше и Бразилецот Кака.

Судијата веднаш му покажа жолт картон, но сега му се заканува и суспензија. Правилата на ФИФА, а со тоа и правилата на Премиер лигата забрануваат истакнување на пораки со политичка или религиозна порака на опремата на фудбалерите.

По мечот, Гакпо со истата маичка славеше и со навивачите на Ливерпул за освоената титула во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести