Кодро не се радуваше, но фановите на Осасуна му покажаа среден прст

Атлетик Билбао го доби соседското дерби против Осасуна со 2-1, а победничкиот гол беше дело на Кенан Кодро, босанскиот фудбалер кој од 2014 до 2017 година играше за Осасуна, и даде 15 гола. Затоа, Кодро од почит не се радуваше после голот, но фановите немаа голема почит кон него, па му покажуваа средни прсти и го навредуваа.

Билбао поведе со гол на Ињаки Вилијамс, црномурестиот играч кој постави клупски рекорд од 133 одиграни меча по ред без прекин. Потоа израмни Чими Авилја, но Кодро ја прекина серијата на Осасуна од 31 меча без пораз на стадионот „Ел Садар“.

- Оглас -

Најнови вести