Дали има шанса во единствената професионална фудбалска лига во Европа која е активна во моментов, белоруската, да заигра некоја голема ѕвезда на светскиот фудбал? Минимална, но постои.
Некои обложувалници веќе примаат уплати на играта која ѕвезда ќе заигра во Белорусија до крајот на 2020 година. Според квотите, најголеми шанси му се даваат на Златан Ибрахимовиќ, кој најави заминување од Милан кога ќе заврши сезоната во Италија. Коефициентот дека Златан годинава ќе потпише за клуб од Белорусија е 50.
За најдобрите фудбалери, Лионел Меси од Барселона и Кристијано Роналдо од Јувентус, квотите се по 100. Реално, нивните шанси да преминат во Белорусија се никакви, сведени само на научна фантастика и веројатно се повеќекратно помали од тие на Ибрахимовиќ.