Коефициенти помеѓу 2.00 и 2.30 во Квотите на денот на Sport Life (Фото)

Во отсуство на врвен фудбал поради католичкиот Божиќ, петте натпревари во Квотите на денот во Sport Life се од Турција, Израел и Бахреин. Заедничко за сите е дека се очекува ефикасен фудбал, а вкупната квота на петте предлози е 47.8.

Понудата ја отвораат екипите на Аланијаспор и Самсунспор со предлог квота од 2.10, која ќе биде добитна ако во двете полувремиња бидат постигнати помеѓу еден и три погодоци.

Домашната екипа е голем фаворит на дуелот од првенството на Бахреин. Квотата од 2.30 ќе биде добитна ако екипата на Ал-Рифа постигне помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

И на натпреварот од втората израелска лига фаворит е домашниот состав. Ирони Кирјат Шмона потребно е да постигне најмалку еден гол во првото полувреме и најмалку два на целиот натпревар против Макаби Херзлија за да биде добитна квотата од 2.15.

Ефикасно и со голови во двете мрежи се очекува да биде на натпреварот помеѓу Хатајспор и Бешикташ. Квотата од 2.30 ќе биде добитна само доколку се затресат двете мрежи, но головите да бидат распоредени во двете полувремиња.

Најмалку три голови, од кој еден во првото полувреме потребно е да бидат постигнати на дуелот помеѓу Ејупспор и Ерзурумспор во турското првенство. Доколку тоа се случи, тогаш квотата од 2.00 ќе биде добитна.

- Оглас -

Најнови вести