Коефициентите најавуваат дека Воска и Беласица ќе останат второлигаши

Двата бараж меча што треба да одлучат кои две екипи ќе играат во Прва лига следната година, се играат попладнево во Штип и Струмица.

Стадионот во Штип ќе биде домаќин на Скопје и Беласица, додека на „Младост“ во Струмица, битка ќе водат Тиквеш и Воска Спорт. Според коефициентите во Sport Life, екипите кои оваа сезона беа дел од Прва лига, а тоа се Скопје и Тиквеш, се во улога на благи фаворити во баражите.

Воска Спорт никогаш досега не била дел од елитното фудбалско друштво во Македонија, додека Беласица се стреми да го победи Скопје и да се врати меѓу најдобрите.

- Оглас -

Најнови вести