Коефициентите покажуваат дека Борусија е фаворит во дербито, но Милионерите се на мака

Германскиот вицепрвак Борусија Дортмунд ќе биде без неколку важни фудбалери во саботното дерби против Шалке. Според германски „Кикер“, капитенот Марко Ројс, Аксел Вицел и Емре Џан сигурно нема да играат, а на повреди се жалат и Геце, Санчо, Аканџи, Шмелцер и Хакими.

Речиси по два месеци пауза поради пандемијата со корона-вирусот, фудбалот во Германија ќе продолжи на 16 мај со мечевите од 26-тото коло. Борусија, која е во трка со Баерн Минхен за шампионската титула, моментно заостанува четири бода, додека Шалке е на шестата позиција со 14 бода помалку од големиот локален ривал од рурската област.

Дуелот кој в сабота ќе се игра на „Сигнал Идуна парк“ ќе биде без присуство на гледачи, кои секогаш се 12-ти играч на Милионерите, но решено е до крајот на сезоната, на ниту еден стадион да нема навивачи, како една од главните мерки за превенција од опасниот вирус.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести