14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Вреди да се одигра за квота 13.5 – Македонија сè уште е најголем аутсајдер во баражите за СП, може ли да биде сензација на годината со победа во Палермо?

Коефициентите во Sport Life за бараж-мечот меѓу Италија и Македонија се речиси непроменети повеќе од месец и половина и остануваат исти како и на првиот ден од објавата, па нашата репрезентација според квотите, е најголем аутсајдер на четирите натпревари на 24 март.

Коефициентот за победа на Италија е 1.21, а беше 1.22 и е најмал во однос на сите четири бараж-дуели.

Затоа за победа на Македонија, што се смета за сензација, квотата и сега е 13.5, исто како и на први февруари, кога Sport Life за првпат ги постави коефициентите за сите бараж-дуели.

Нема промена ниту во понудата за мечот да заврши без победник во регурларниот дел, па за „нула“ во Палермо, коефициентот е 5.85.

По Италија најголем фаворит е Португалија против Турција, а за единица на тој меч понудата е 1.37. Токму победникот од тој меч, што ќе се игра на „Драгао“ во Порто, ќе ѝ биде домаќин на Италија или Македонија.

Во останатите два баражи, Шведска ќе ѝ биде домаќин на Чешка, а Велс на Австрија и сите ќе се играат на 24 март.

Полска без игра се пласира во финалниот сегмент на баражите за настап на СП во Катар, откако Русија беше исфрлена од ФИФА.

Шкотска и Украина наместо во март, треба да играат во јуни поради воената ситуација во Украина.

 

- Оглас -

Најнови вести