Петте натпревари што денеска се дел од Квотите на денот се од натпреварите во Лигата на Европа и од Лигата на конференции и доколку ги одиграте на еден тикет заедно, ќе добиете вкупен коефициент од 47,99.
Јувентус ги разочара своите навивачи во првиот натпревар против Нант играјќи 1:1 и пласманот во следната рунда ќе мора да го заверува на гостински терен. За играта да има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, квотата изнесува 2.25.
Најмала е квотата за натпреварот меѓу Партизан и Шериф и изнесува 2.05. Оваа квота се добива ако се одигра дека Црно-белите нема да загубат и притоа ќе бидат постигнати помеѓу два и четири гола.
Петката во Квотите на денот не може да помине без мегадуелот меѓу Манчестер јунајтед и Барселона. Првиот натпревар заврши без победник, но фановите уживаа во одличен фудбал на „Камп ноу“ и во четири гола. Се очекува и вечерва на „Олд Трафорд“ да има голови, па тука предлогот е да се одигра дека ќе има најмалку еден гол во првото полувреме и најмалку три на целиот натпревар.
Рома загуби на првиот натпревар против Салцбург и вечерва на „Олимпико“ е фаворит за триумф. Квота од 2.20 се добива доколку одиграте дека Рома ќе слави и ќе биде постигнат барем еден гол во второто полувреме.
Последниот предлог е дуелот меѓу Унион Берлин и Ајакс и тука, за разлика од првиот дел, би требало да има голови. Првата средба заврши без голови, а сега за играта да има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, квотата е 2.20.