Коефициентот вели дека Серена Вилијамс ноќеска ќе го одигра последниот меч во кариерата!

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс ноќеска, во второто коло од Отвореното првенство на САД ќе игра против Aнет Kонтавејт од Естонија, во меч на кој може да заврши кариерата на 23-кратната гренслем-шампионка.

Серена, која веќе има 40 години, пред почетокот на Отвореното првенство на САД најави дека ова ќе биде нејзиниот последен турнир во кариерата, што значи дека пораз и нејзина елиминација би значело и крај на кариерата на Вилијамс.

Во првото коло, за Серена навиваа речиси 30.000 навивачи и Американката успеа да победи. Сепак, сега Американката е во улога на аутсајдерка затоа што против себе ќе ја има втората на ВТА-листата, Kонтавејт.

Коефициентите во Sport Life велат дека тенисерката од Естонија е фаворитка за победа, но факт е дека против себе ќе ја има 23-кратната гренслем-шампионка и 30.000 публика која ќе навива Серена да победи.

- Оглас -

Најнови вести