23.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Коефициентот вели дека би било вистинско чудо Шкупи да даде гол во Загреб

Македонскиот првак Шкупи го помина првото коло од квалификациите во Лигата на шампионите откако со вкупни 3:2 по двомечот го елиминира тимот на Линколн од Гибралтар. Сега чаирчани се пред нов многу поголем предизвик, двомеч против хрватскиот првак Динамо Загреб.

Првиот меч се игра вечерва на „Максимир“, а Динамо е огромен фаворит за победа. За триумф на Шкупи квотата е нешто што досега немало во историјата на Лигата на шампиони.

За тоа колку Шкупи е без шанси против Динамо, покажуваат и останатите коефициенти за овој дуел. Македонскиот првак да постигне еден гол на денешното гостување носи коефициент 3.20, додека за Т2 2+ односно Шкупи да постигне два погодоци, коефицинетот е дури 19.3. Нереални се шансите Шкупи да постигне три или четири гола, па затоа и квотите се 81, односно дури 151.

- Оглас -

Најнови вести