22.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

Нема поголем коефициентот за 3+, но мора да знаете еден факт кој најавува малку голови

Челзи со минимална предност од 1:0 го пречекува Атлетико Мадрид во реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампиони. Англискиот премиерлигаш е фаворит за пласман во следната фаза, и квотата за такво нешто во Sport Life е 1.28. Атлетико е лидер во шпанското првенство, но шансите во Лондон да победи со резултат кој го води понатаму се оценуваат со коефициент 3.50.

Ова е меч на две екипи кои ги краси цврсти одбрани. Атлетико веќе неколку години е поим за непробојна одбрана, но Челзи во Мадрид покажа дека знае како да даде гол, а воедно да ја сочува својата мрежа. Откако на клупата на Челзи е дојден тренерот Томас Тухел, речиси невозможно е да се даде гол на лондонскиот тим.

ЗА 1.080 МИНУТИ ПРИМИЈА САМО ДВА ГОЛА

Вкупно 12 меча Тухел го предводи Чезли во сите натпреварувања, а билансот е импресивен. Само Саутемптон и Шефилд успеале да му дадат гол на Челзи, што значи во вкупно одиграни 1.080 минути, голманот Менди примил само два гола, што во просек, неговата мрежа се тресе по еднаш на секои 540 минути.

На 10 од последните 11 меча на Челзи нема повеќе од два гола. Слична е ситуацијата и со Атлетико Мадрид. На шест од последните седум меча на Јорганџиите немало повеќе од два гола. Сепак, вечерва на „Стемфорд Бриџ“ Атлетико нема да смее да калкулира и мора да даде гол.

Доколку „падне“ гол во раната фаза од мечот, може да се очекува да биде и 3+, а коефициентот за такво нешто во Sport Life е 2.35. Ако се погледнат квотите за 3+ на утрешните осум меча од Лигата на Европа, како и на дуелот Баерн – Лацио во ЛШ, јасно е дека нема поголем коефициент на ниеден натпревар за да има три гола, од тоа што е понудата за дуелот на „Стемфорд Бриџ“.

 

- Оглас -

Најнови вести