Арсенал е тимот кој е во најдобра серија во моментов во елитниот англиски фудбал. Топчиите имаат девет победи и едно реми во последните 10 средби и нема загубено речиси три месеци.
Гостувањето кај Ливерпул на „Енфилд роуд“ е вистински предизвик за лондончани. Ливерпул сезонава не е најсигурен дома, па во пет меча има само две победи и три нерешени, што е дополнителен мотив за гостите.
Сепак, според коефициентите, Ливерпул е голем фаворит за победа на свој терен. Тоа што е впечатливо кога играат овие два клуба е тоа дека речиси секогаш има голови. Во последните 20 дуели на „Енфилд роуд“ во сите натпреварувања, биле постигнати вкупно 92 погодоци, односно 4,6 погодоци на меч. Во Sport Life одлични се квотите да одиграте на голови.
Ливерпул најавува офанзивна игра, а Јирген Клоп ќе игра со Салах, Жота и Мане во нападот.
Арсенал секако дека ќе игра малку позатворено и најавите се дека Микел Артета ќе игра со 4-2-3-1 во формација. Лаказет ќе биде најодговорен за загрозување на голот на домаќините.