Кога брани Столе против Атлетико, нема 3+ голови

1709 Нант – Монако (17.05 часот)

Нант уште е во еуфорија после пласманот во купот на Франција, но Канаринците не смеат да заборават на првенството во кое се во криза, и водат борба за опстанок. Нант освои само два бода во последните пет кола, а Монако има две победи по ред и брка излезе во Европа. Кнезовите се втор најефикасен тим после ПСЖ, во просек даваат по два гола на меч, но имаат полоша одбрана од половина лига. Есеноска во Монако беше 4-1, а Монако пораз на гостински терен нема уште од октомври.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.96)

 

1010 Ливерпул – Арсенал (17.30 часот)

Ако го добие овој меч, Арсенал ќе направи голем чекор кон титулата. Ливерпул во претходните три кола освои само еден бод, и сериозно му се заканува опасност да остане без учество во европските купови за следната сезона. Арсенал има серија од седум победи по ред во Премиер лигата, и тие се фокусирани само на домашното првенство. Ливерпул откако му даде седум гола на Манчестер, на последните четири меча даде вкупно само еден. Арсенал често игра мечеви со 3+ голови, а есеноска во Лондон беше 3-2 за Топчиите.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.88)

 

1308 Алмерија – Валенсија (18.30 часот)

Ова е дуел на два тима кои имаат ист број на бодови и се борат за опстанок во Ла Лига. Валенсија има очајна сезона, и се доведоа во ситуација да стравуваат дали ќе останат прволигаши. Алмерија ја има втората најлоша одбрана и тоа може да биде шанса за Лилјаците. Во јануари на „Месталја“ беше 2-2, традицијата најавува меч со 4-5 гола и двата тима да дадат голови, но значењето на мечот може да придонесе да внимаваат повеќе на одбраната.

Предлог тип: Х2 & 2+ (1.82)

 

1809 Хофенхајм – Шалке (19.30 часот)

После двете победи по ред, Хофенхајм има нов дуел во кој може да победи и уште малку да се одлепи од дното во Бундеслигата. Шалке три кола по ред не знае за победа, претпоследен е, а голем проблем за нив е нападот. Имаат дадено само 21 гол на 26 меча. Хофенхајм има само еден нерешен резултат во 2023 година, ако продолжи таа низа на победи и порази, поблиску е кецот отколку двојката иако Шалке често останува непоразен на гостувањата.

Предлог тип: Т1 2+ (1.95)

 

1309 Рајо Валјекано – Атлетико Мадрид (21.00 часот)

Атлетико е во форма, оди по петтата победа по ред во лигата, па за Столе Димитриевски и одбраната на Рајо ќе има работа во оваа мадридска пресметка. Во последните четири кола, Рајо трипати играше нерешено, и заедно со Кадис се единствените со двоцифрен број ремија сезонава. Рајо два месеци нема победа, а на домашен терен дури десет години не го совладале Атлетико. Последните шест меѓусебни дуели им беа со 0-2 гола.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.77)

- Оглас -

Најнови вести