Кога детскиот сон станува јаве: Од навивач, до стрелец на голот за трофеј (Видео)

Бетис е освојувач на Купот на Шпанија по трет пат во клупската историја. Победата која ќе се памти во клубот со зелено-бели бои беше остварена над Валенсија и тоа дури по подобро изведување на пенали.

По 90 минути беше 1:1, во дополнителните 30 минути немаше промена на резултатот, па во пенал рулетот се решаваше победникот. Од 10-те изведени пенали единствено промаши младиот играч за врска на Валенсија, Јунус Муса, а последниот пенал за Бетис го реализираше Хуан Миранда.

https://twitter.com/i/status/1518001393419780096

Миранда во 2005 година како петгодишно дете бил во Мадрид да го бодри Бетис во финалето на Купот кој тогаш го освои Бетис, а сега 17 години подоцна токму тој беше херојот за нова голема радост, постигнувајќи го погодокот за титула.

- Оглас -

Најнови вести