Кога дознаа каде Италија се смести, Англичаните почнаа да слават како веќе да се европски прваци

Италија и Англија утре ќе играат во големото финале на Европското првенство, меч по кој ќе биде познат новиот континентален владетел до 2024 година. Англија ја има предноста на домашен терен, затоа што финалето ќе се игра на „Вембли“ во Лондон.

Аѕурите денеска пристигнаа во Лондон, а вечерва ќе го имаат последниот тренинг пред утрешното финале. Меѓу англиските навивачи завладеа неверојатна еуфорија кога дознаа каде се сместени италијанските фудбалери. Експедицијата на Аѕурите е во комплексот на лондонскиот тим Тотенхем, а тоа според Англичаните е одличен знак за нив.

Тотенхем е познат како клуб кој едноставно не може да освои трофеј, а навивачите на Англија веруваат дека тоа проклетство ќе продолжи и по утрешното финале, односно репрезентацијата на Италија нема да има среќа со местото кое го одбрале за престој.

 

- Оглас -

Најнови вести