Кога е Бензема во близина, голманите се тресат и прават глупости, засега има четири жртви (Видео)

Не е случајно што голманите прават огромни киксеви кога играат во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Карим Бензема често прави притисок врз противничките голмани и тие некогаш реагираат несмасно, па примаат голови кои се паметат.

Најдрастичен пример беше со Лорис Кариус од Ливерпул во финалето на ЛШ во 2018 година.

Синоќа „настрада“ Едуард Менди од Челзи, а големи грешки кои Бензема ги казнуваше со гол имаат направено и Џиџи Донарума од ПСЖ, и тоа неодамна во Мадрид, како и Свен Улрајх пред неколку сезони, кој го бранеше голот на Баерн кога Мануел Нојер беше повреден.

Очигледно дека голманите имаат притисок и страв од Бензема. Еве го доказот:

- Оглас -

Најнови вести