Кога е на теренот, неговиот тим е осуден на неуспех, а кога не игра, секогаш победуваат

Англискиот дефанзивец Хари Мегваер веќе подолго време е на удар на критики поради неговите игри на теренот. Навивачите, но и фудбалските стручњаци го прекоруваат Мегваер за игрите во Манчестер јунајтед, како и во дресот на националната селекција.

На последниот меч на Англија против Германија, Мегваер беше директен виновник за два од трите гола на Панцерите, па дефанзивецот реши да упати јавно извинување за неговата игра.

Ако се поголедне билансот на Мегваер во оваа сезона, ќе се забележи дека кога тој е стартер на теренот, неговиот тим е осуден на неуспех. Како стартер во Манчестер јунајтед, Црвените ѓаволи губеа од Брајтон, Брентфорд и Реал Сосиедад, додека во националниот тим загуби од Италија, а Англија се извади и на крајот ремизира против Германија.

Кога тренерот на Манчестер јунајтед, Тен Хаг, реши Мегваер да не биде стартер, англискиот гигант редеше само победи. Без Мегваер во стартниот тим, Црвените ѓаволи ги победија Ливерпул, Саутхемптон, Лестер, Арсенал и Шериф.

Следен меч за Манчестер јунајтед е градскиот дуел против Сити, а на Тен Хаг останува да одлучи дали Мегваер ќе го стави меѓу стартерите или ќе биде на клупата.

 

- Оглас -

Најнови вести