Кога е најпотребно за Нант, тука е Кире Лазаров

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, повторно потсети на некои од неговите најславни голови во кариерата, и покажа дека и тоа како е способен да им носи победи на своите тимови. Лазаров вечерва со гол во последна секунда му донесе победа за Нант на гостувањето против Шамбери од 29-28 во дуел од француската лига.

Лазаров заврши шест гола од десет обиди, имаше и со пет асистенции, но голот за победа ги фрли во очај противниците. По 11 кола, Нант е на петтото место на табелата со осум победи и три порази.

 

- Оглас -

Најнови вести