24.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Кога фановите го напуштаат стадионот уште во прво полувреме, јасно е „колку е часот“ (Видео)

На навивачите на Арсенал не им е лесно да гледаат како нивниот тим се мачи, а попладнево на „Етихад“ во Манчестер против Сити е допрено дното, и на Микел Артета му се заканува отказ ако работите не се сменат на подобро.

Арсенал е немоќен, и по првото полувреме губи со 0-3, а плус тоа, цело второ полувреме ќе го играат со човек помалку, откако Гранит Џака доби црвен картон. Некои фанови на Топчиите не сакаа да ја гледаат агонијата, па уште по 30-тина минути почнаа да го напуштаат стадионот.

- Оглас -

Најнови вести