Кога го имате Кралот Џејмс во композиција добивката е загарантирана со Полноќниот експрес

Полноќниот експрес остана без еден член на комплетната петорка, откако Данило Галинари на настапи за Оклахома против Минесота поради повреда, но тикетот е добитен и ако го одигравте во Sport Life ќе ја помножи вашата добивка со коефициент 12.42.

Тикетот почна со феноменална серија на Карл Ентони Таунс, кој ги постигна првите 14 поени за Минесота на мечот против Оклахома, што најави дека Полноќниот експрес може да стаса до целта и до добитен тикет. Центарот на Волците продолжи во извонреден ритам и со вкупно 37 поени далеку ја надмина границата за плус поени од 26.5 што беше поставена во додатокот за НБА во обложувалниците на Sport Life.

Ја почитувавме традицијата на ефикасни мечеви меѓу Минесота и Оклахома, што ни донесе уште две точни прогнози и тоа на двата бека на Тандерс.

Ветеранот Крис Пол игра феноменално, иако има 35 години, па и тој како и Таунс ја прескокна границата со плус поени. Беа потребни 17.5 поени, а Пол постигна 25-ка во победата на Оклахома против Минесота од 113:104.

Неговата резерва и еден од најдобрите шести играчи во НБА, Денис Шрудер блескаше на паркетот во „Таргет центар“ и си запиша 26 поени, шест повеќе од потребните 20, за плус во обложувалниците на Sport Life.

Данило Галинари, кој ни беше четвртиот предлог за плус поени на овој меч не настапи, па ни остана да го чекаме Кралот Џејмс во специјалниот меч за него против Филаделфија 76.

Леброн играше за третото место на вечната листа со најдобри кошгетери, му требаа 18 поени за да го мине Коби Брајант и 28 поени за да имаме добитен Полноќен експрес.

Тука беше и најдраматично, а Леброн со тројка на неполни две минути пред крајот на мечот стаса до 29 поени и потоа веднаш беше повлечен од игра.

Доволно за добитен тикет на Полноќниот експрес, содржина што е редовна на страниците на Спорт Манија. Очекувајте не и денеска околу 19 часот со нови пет предлог типови од ноќните натпревари во НБА, НХЛ и останатите лиги.

- Оглас -

Најнови вести