Кога го нема Бензема, дефанзивците даваат голови за Реал (ВИДЕО)

Актуелниот шпански шампион Реал Мадрид води со 0:1 против Хетафе по првото полувреме во рамки на осмото коло во Ла Лига.

Тренерот на „кралевите“ Карло Анчелоти одлучи да му даде одмор на својот најдобар играч, Карим Бензема, а улогата на реализатор ја презеде дефанзивецот Едер Милитао.

Милитао најдобро се снајде во петерецот на Хетафе по корнерот на Лука Модриќ и во четвртата минута погоди за водство од 0:1.

Реал во финишот на првиот дел, можеше да ја зголеми предноста, но шутот на Родриго го одбрани голманот на домаќините Давид Сориа.

- Оглас -

Најнови вести