Речиси два месеци поминаа без никакви борби во УФЦ шампионатот, а модерните гладијатори повторно ќе се најдат во октогонот. Сепак овие борби ќе бидат поразчини од тие што беа досега. Поради пандемијата со Коронавирусот, нема да има публика, но шоуто не треба да изостане.
Кулминацијата на вечерта треба да биде со борбата за привремената титула во лесна категорија меѓу Тони Фергусон и Џастин Гејџи. Фергусон се подготвуваше за меч против Хабиб Нурмагомедов, но рускиот борец не доби дозвола за влез во САД, па Гејџи е како замена.
Гејџи уште како дете знаел дека треба да ја одржи семејната традиција, па и тој како претходно што биле неговиот дедо и татко, започнал да работи во рудник. Џастин открива колку е тешко да се работи во рудник.
„Работев седум дена во неделата, по 12 часа дневно. Три месеци работев секој ден, а потоа земав еден ден одмор затоа што сакав да се наспијам. Постојано ги работев тие гнасни работи. Една недела работев дури 96 часа“, откри Гејџи, кој подоцна решил да се испроба во американски фудбал, но бил безуспешен.
Имал голема желба да скока на трамболина и да прави салто назад. Токму од тие вежби, Гејџи сега по мечевите на кои ќе победи го прави препознатливото салто назад во октогонот. Во досегашниот дел од кариерата, Гејџи победи во 21 од 23 меча, а 18 триумфи му се со нокаути.
Фергусон, кој се надеваше дека ќе се бори против Хабиб Нурмагомедов, но некако не е судено да се сретне со Русинот во рингот, што е нивно петто одложување. Уште од детски денови Фергусон бил спортист. Активно се занимавал со американски фудбал, бејзбол и борење. Никогаш не успеал да го заврши факултетот, а навечер работел како шанкер.
Токму тоа што заминал да работи како шанкер има влијание што е дел од ММА борбите. Еден колега од шанкот го поканил да оди заедно со него и да вежбаат борење. Во дебито, Фергусон загубил на поени по одлуката на судиите, но потоа има 12 победи во низа. Врвот во кариерата требаше да му биде борбата против Хабиб Нурмагомедов, но ова беше рекорден петти пат да биде одложен нивниот меч, па сега Фергусон ќе се бори за привремената титула во УФЦ во лесна категорија.