Кога игра Борусија Менхенгладбах, редовно има голови на двете страни

1951 Анкарагучу – Трабзонспор (18.00 часот)

Актуелниот турски првак по 12 одиграни мечеви, се наоѓа само на седмото место на табелата, но ако победи во Анкара, привремено ќе биде втор. Анкарагучу има 12 бода во 12 кола, три кола по ред не знае за пораз, па на Барди и другарите нема да им биде лесно да триумфираат. Последната гостинска победа на Трабзон беше на 1 октомври, но им лежи Анкара, од 2010 не загубиле на гости кај вечерашниот ривал, а на последните две гостувања таму победуваа без примен гол.

Предлог тип: 2 & 0-3 (3.15)

 

1632 Спарта Ротердам – Твенте (20.00 часот)

Двата тима се во добра форма, Спарта има четири победи во последните пет кола, а Твенте е четврти на табелата и во последните четири кола освои 10 бода од можните 12. Твенте е тим со најдобра одбрана во холандската лига, прими само 8 погодоци на 13 меча. Спарта има само три бода помалку од Твенте, двата тима се борат за местата кои водат во Европа. Ова се екипи кои ретко играат нерешено, а вечерва можеби ремито е најреален исход.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (2.35)

 

1801 Б. Менхенгладбах – Б. Дортмунд (20.30 часот)

Двете Борусии губеа во минатото коло, па овој меч им доаѓа во незгоден момент. Дортмунд е на шест бода негатива од лидерот Баерн, а тимот од Менхенгладбах има шест бода помалку од имењакот од Дортмунд. Од 1 октомври наваму, Борусија М. на сите мечеви и дава и прима гол и редовно паѓаат барем три гола. Од друга страна, Б. Дортмунд има 0-2 гола на четири од последните пет гостувања во сите натпреварувања. Уште од 2013 година не било нерешено на нивните дуели во Менхенгладбах.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.63)

 

3001 Емполи – Кремонезе (20.45 часот)

Кремонезе нема ниту една победа сезонава, на 14 меча по седум пати губеше и ремизираше, а Емполи има двојно повеќе бодови од гостите, иако Кремонезе има дадено еден гол повеќе од Емполи. Во последните пет кола, Емполи нема нерешен резултат, а Кремонезе дури четири пати играше „икс“. Во минатата сезона овие два тима беа второлигаши, победи Емполи со 1-0 и продолжи традицијата да нема многу голови во нивните дуели.

Предлог тип: & 0-3 (1.88)

 

1701 Лион – Ница (21.00 часот)

Лион и Ница се соседи на табелата, но Лион загуби во минатото коло, а Ница веќе пет меча по ред не знае за пораз, последниот пораз им беше кога играа против ПСЖ во Париз, па тие се во подобро расположение. Од последните четири нивни пресметки во Лион, двата тима победувале по двапати, а нерешено не било од 2017 наваму. Веруваме дека овојпат или на полувреме или на крај ќе има нерешен исход.

Предлог тип: Х било кога (1.92)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести