Карвахал донесе значајна предност за Реал Мадрид на гостувањето кај Бетис на околу половина час до крајот на мечот, а неколку минути претходно се случи несекојдневна ситуација во која за малку можеше да настрада судијата Алехандро Ернандес.
Каземиро во обид да ја освои топката со лизгачки старт, го сруши арбитарот на земја кој се најде на погрешно место во погрешен момент, меѓутоа немаше последици, а двајцата се насмеаја и спортски си подадоа рака пред играта да продолжи.
https://streamable.com/vq6hnz