Кога игра селекција од Африка, нормално е да е 0:0 на полувреме

Швајцарија и Камерун одиграат без голови по првите 45 минути во првото коло од Светското првенство во Катар. Камерун имаше подобри шанси во првиот дел од мечот, а пред крајот на првото полувреме, Швајцарија имаше две шанси, но мрежите на двата тима мируваат.

Ремито без погодоци по првиот дел веќе не е ништо чудно кога игра селекција од Африка на Мундијалот. И на претходните три дуели на коишто играа репрезентации од овој континент, на полувремето немаше голови.

Сенегал и Холандија играа без голови на полувреме, а на крајот Лалињата победија со 2:0, а на дуелите Тунис – Данска и Мароко – Хрватска немаше голови ниту по 90 минути игра.

- Оглас -

Најнови вести