29.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Кога игра Златан, головите се загарантирани, во Бразил два дерби-дуели

Коринтијанс – Атлетико МГ (00:00 ч.)

Дерби во бразилското првенство на две екипи кои се борат за место во Топ 4 на табелата. Коринтијанс во осум меча нема пораз на домашен терен (пет победи, три ремија) и само два примени гола. Атлетико игра офанзивно, сака да дава, но и прима погодоци.

Коринтијанс последен пат на свој терен против овој ривал победил во 2015 година, а последните три средби биле нерешени.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.03)

 

Крузеиро – Васко де Гама (00:00 ч.)

Дуел на звучни имиња, но сезонава се во долниот дел од табелата. Двете екипи имаат мака да постигнат гол, па затоа Крузеиро има само три победи во 16 средби, сите на свој терен. Васко де Гама на гости сезонава даде само пет погодоци. Интересно е што на четири од последните пет меѓусебни меча немало повеќе од два гола.

Крузеиро не смее да си дозволи кикс на свој терен, па затоа двојката ја исклучуваме од опција за конечен тип.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.92)

 

Коло-Коло – Кобресал (02 ч.)

Ова е еден од сигуриците на вечерта. Коло-Коло е тимот со најдобар ефект на домашен терен, а Кобресал е вториот најлош гостин. И разликата на табелата покажува дека „кецот“ е многу веројатен. На четири од последните пет меѓусебни средби, Коло-Коло победил, па на стадионот „Монументал“ во Сантијаго де Чиле се очекува радост на домаќините во меч на кој ќе има погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.55)

 

Сиетл – ЛА галакси (00:30 ч.)

Дерби на две екипи кои се во борба за влез во плејофот на Западната конференција. Сиетл на свој терен има само два порази во 13 меча, а Галакси на гости игра многу послабо отколку пред своите навивачи. Сепак, фактот дека гостите го имаат Златан Ибрахимовиќ е податок кој не смее да ги исклучи гостите.

Предлог тип: 2+ I & 2+ II (2.70)

 

- Оглас -

Најнови вести