Романија нема дадено гол во два меча, а е фаворит за победа против ривалот од кој никогаш не загубила

6107 Англија – Италија (20:45 ч.)

Двете селекции кои пред помалку од една година играа во финалето на Европското првенство, а Италија победи на „Вембли“ и тоа по подобро изведување на пенали. Овојпат ќе играат на стадионот во Вулверхемптон и тоа без публика, што ќе биде еден голем минус за вакво големо дерби.

Последните пет меѓусебни дуели завршувале гол-гол, а последните три се со резултат 1:1, а шест од последните седум дуели завршиле со 2-3 гола, затоа што Италија има две победи од 2:1, а Англија еднаш славеше 2:1.

Предлог тип: 2-3 гола (2.01)

 

6109 Холандија – Полска (20:45 ч.)

Холандија победи во првите две кола и тоа на гости кај Белгија и Велс, а сега на домашен терен треба да ги освои трите бода против Полска.

Лалињата победи во последните пет меча против Полска, а пет од последните шест меѓусебни средби биле возбудливи и гол-гол 3+. Холандија дури 11 меча е без пораз (осум победи и три нерешени).

Предлог тип: ГГ3+ (1.90)

 

6777 Романија – Финска (20:45 ч.)

Романија не само што нема освоено бод во првите две кола, туку нема дадено ниту еден гол. Финска стартуваше со четири бода и гостите се дојдени со самодоверба, но традицијата вели дека немаат многу шанси.

Овие две селекции досега одиграле 11 меча, а Финска никогаш не победила. Романија има осум победи и само три нерешени.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.22)

 

6130 Луксембург – Турција (20:45 ч.)

Една од овие две селекции ќе прва во групата, затоа што веќе имаат по шест бода и тоа без да примат ниту еден гол. Турците се најефикасни од сите во Европа и по две кола имаат 10 дадено и ниту еден примен гол.

Реално е гостите да бидат фаворити за освојување на трите бода, но Луксембург сигурно сака да покаже дека може да се носи и со посилни ривали.

Предлог тип: 2 (1.45)

 

6108 Унгарија – Германија (20:45 ч.)

Унгарија дома ја победи Англија, а сега мотив ќе им биде истиот херојски успех да го повторат и против Германија. Панцерите во два меча, два пати одиграа 1:1, но тоа беа дуели против Англија и Италија.

Лани на ЕП, Унгарија направи изненадување и одигра 2:2 на дуел во Минхен и тоа на средба на која два пати имаа предност против фаворитот.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.94)

- Оглас -

Најнови вести