Кога играат Милано и Ефес, победува домаќинот, Магдебург не знае што е тоа радост против Фуксе

Антверпен – Гент (20:30 ч.)

Цели 18 и пол години Гент нема пораз на гостување кај Антверпен во првенствен дуел. И овојпат гостите ја имаат улогата на фаворити, иако Антверпен сезонава игра добро, посебно на свој терен. Во шест меча дома, Антверпен има пет победи и едно реми без пораз, со гол-разлика 16-6. Гент на гости само еднаш се радувал во седум меча, а во просек има по три гола кога игра на туѓ терен.

На последните 10 меча, Антверпен и дава и прима гол, па се очекува и сега да биде ефикасно.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.80)

 

Амагер – Коге (19 ч.)

Дуел на две екипи кои немаат сила за висок пласман и главна цел им е да обезбедат опстанок. Амагер игра променливо дома, па е со три победи, три порази и две ремија (11:10 гол-разлика). И Коге е со израмнет биланс на гости (по две победи и два порази, со четири ремија и гол-разлика 12:12).

Двете екипи реално се надеваат на освојување бодови, па треба да има голови, но не премногу.

Предлог тип: 2-3 (2.02)

 

Милано – Анадолу Ефес (20:45 ч.)

Овие две екипи, заедно со Барселона се единствени кои имаат по седум победи во 9 кола. Тоа значи дека во Милано ќе се игра дерби за лидерската позиција во Евролигата. Ефес е во одлична серија и има 11 победи на последните 12 меча во турското првенство и Евролигата.

Милано загуби на два од последните три меча и на овој дуел треба да ја вратат самодовербата. Кога играат меѓусебе овие екипи, традицијата е едноставна. На 10-те последни средби победувал домаќинот, што покажува колку е значајно да играш на свој терен.

Предлог тип: 1 (1.73)

 

Магдебург – Фуксе Берлин (19 ч.)

Дерби во ракометната Бундеслига. Двете екипи имаат по четири порази сезонава и секако се меѓу фаворитите за висок пласман. Магдебург има шест победи во седум средби на свој терен, а Фуксе на гости е половичен (три победи-три порази).

Меѓусебните дуели покажуваат дека Фуксе е доминантен. Во последните 11 средби има шест победи, четири меча завршиле нерешено, а Магдебург победи само еднаш во последните четири години. Дури и да изгуби вечерва Фуксе, тоа би било во неизвесен меч.

Предлог тип: 2 хен. -3,5 (1,45)

 

Жалгирис – Црвена ѕвезда (19 ч.)

Двете екипи треба да заиграат многу подобро ако сакаат да стигнат до едно од првите осум места во Евролигата. Жалгирис има само три победи, а Ѕвезда се радувала двапати во 9 средби. Традицијата вели дека Литванците имаат пет победи во последните седум меѓусебни средби, а фактот дека и сега се домаќини, ги прави фаворити.

Интересно е и тоа што на последните шест меѓусебни меча границата на постигнати поени се движи околу 150, па овојпат се очекува да одлучи одбраната.

Предлог тип: 1&<151,5 (2.40) – квота на денот во Sport Life

Во понудата на Sport Life во квоти на денот, како понуда ги имате и:

Амагер – Коге – Х2&2-4 (2.25)

Антверпен – Гент Х2&ГГ (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести