Кога играат овие гиганти, гостинот е тој што победува

6014 Интер – Баерн Минхен (21 ч.)

Дуел на европски гиганти, а традицијата на меѓусебните дуели е помалку чудна. На пет од последните шест меѓусебни дуели, гостите биле тие кои се радувале. Интер има три победи и сите на гости, додека Баерн два пати се радуваше на гости и еднаш дома.

Головите не фалат кога играат овие два тима, па сигурно ќе има интересен дуел на „Џузепе Меаца“. Одбраната на Интер не е стабилна, па на последните седум средби единствено не прими гол од Специја.

Предлог тип: 2 (1.90)

 

1701 Лориен – Лион (19 ч.)

Заостанат меч од второто коло во Франција на две екипи кои имаа добар старт. Лориен е со три победи, едно реми и само еден пораз, додека Лион е речиси перфектен затоа што има четири победи и само едно реми.

Традицијата вели дека на последните пет меѓусебни дуели секогаш двете екипи постигнувале барем по еден погодок, односно било ГГ. Дури четири пати во последните девет меѓусебни дуели резултатот бил 1:1. Ако се погледне малку повеќе на меѓусебните дуели, на 12 од 16-те средби било гол-гол ситуација.

Предлог тип: ГГ (1.57)

 

6012 Барселона – Викторија П’лзењ (21 ч.)

Барселона минатата сезона испадна во групната фаза од Лигата на шампионите и каталонскиот гигант сега сигурно ќе сака да покаже дека „лекцијата е научена“. Победа и три бода над Викторија не треба да е доведено во прашање, а со Роберт Левандовски во тимот јасно е дека треба да има многу голови.

На последните четири средби што ги одигра, Барселона постигна дури 14 погодоци, па ефикасноста треба да продолжи и сега.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.55)

 

6011 Атлетико Мадрид – Порто (21 ч.)

Нема сомнение дека кога Атлетико Мадрид игра важни дуели, клучно за тимот на Диего Симеоне е да не прими гол. Овие два тима и лани играа во групната фаза и дуелот во Мадрид заврши без голови, а во последното коло кога се решаваше кој ќе оди во нокаут-фазата, Атлетико одигра фантастично во Порто и славеше со 3:1.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.05)

 

6010 Ајнтрахт Франкфурт – Спортинг Лисабон (18:45 ч.)

Никогаш досега овие два тима не играле меѓу себе. Ајнтрахт е дел од елитата како победник во Лигата на Европа. Навивачите се голем адут на германскиот тим и сигурно домашниот терен ќе биде нивен голем мотив да се покажат во најдобро светло.

Ајнтрахт сезонава игра многу офанзивно и по четири меча во Бундеслигата, има гол-разлика од 11 дадени и исто толку примени гола. Затоа на овој меч може да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.88)

 

- Оглас -

Најнови вести