Кога играат Работнички и Шкупи како однапред да се знае колку голови ќе има!

Шкендија вчера славеше на гости кај Борец со 3:0 и тетовци го зголемија притисокот врз лидерот Шкупи, кој попладнево ќе гостува на арената „Тодор Проески“ кај Работнички.

Шкупи одлично го почна пролетниот дел, со победа од 2:1 против директниот ривал Академија Пандев. Чаирчани сега имаат уште еден силен предизвик, затоа што статистиката покажува дека Работнички знае да биде многу опасен.

Во последните 14 меча на овие два тима, билансот е целосно израмнет. Двата клуба имаат по пет победи, а четири средби завршиле нерешено. Тоа што е интересно е дека во овој период од 14 дуели, дури 12 завршиле со 2-3 погодоци, па едноставно и денеска на „Тодор Проески“ може да очекуваме средба со два или три гола.

Во другите денешни меча од 20 коло во Прва лига ќе играат: Академија Пандев – Скопје, Ренова – Македонија Ѓорче Петров, Струга – Брегалница и Тиквеш – Пелистер. Сите средби ги има во понудата на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести