Кога играат Сасуоло и Јувентус никогаш нè е досадно

3624 Сасуоло – Јувентус (Серија А Италија, 20:45 часот)

Сасуоло е едно од сензациите во овогодинешната Серија А лига, а вечерва ќе се обиде да му го зеде и „скалпот“ на Јувентус. Старата Дама е далеку од борбата за титулата, но è и сигурна на четврттото место, па затоа ќе настапи и без некој поголем психолошки притисок.

А кога играат овие две екипи, никогаш не е досадно па така на петте последни средби, секогаш сме гледале барем ГГ&3+ (Јув – Сас 2:1, Јув – Сас 1:2,  Сас – Јув 1:3, Јув – Сас 3:1,  Сас – Јув 3:3), па затоа и сега очекуваме меч исполнет со погодоци.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.91)

1101 Кристал палас – Лидс (Премиер лига Англија, 21:00 часот)

34-то коло од Премиер лигата се затвора во стандарниот премиерлигашки термин, а вечерва на „Селхурст парк“ Кристал Палас и Лидс нема да ризикуваат премногу.

Секој бод е важен во борбата за опстанокот, иако домаќините се безбедни, но не смеат да се опуштат, додека Лидс е четири бода над местото кое што носи назад во Чемпионшип лигата.

Со оглед на тоа дека со оваа средба, екипите имаат уште шест до крајот, ќе биде неизвесно. Евертон со 29 бода е на 17-то место со 32 натпревари, следува Барнли со 31, додека Лидс има 33 бодови.

Тешко дека некогашниот тим на Езџан Алиоски ќе се радува на победата, но, нема ни да загуби вечерва.

Предлог тип: Х (3.50)

1022 Престон – Блекбурн роверс (Чемпионшип Англија, 20:30 часот)

Последната средба од второлигашкото друштво во Англија значи многу за гостите, додека ништо за домаќините.

Престон без резултатски притисок ќе го дочека Блекбурн кој е во лоша серија, но и покрај тоа е во игра за плеј-офот.

Некогашниот шампион на Англија е деветти со 63, додека Шефилд јунајтед има 69 бодови ѝ е на местото кое што носи во разигрувањето. Јасно е дека Престон нема да излезе со бело знаме, па затоа ќе одиграме и „посигурен“ тип.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.85)

3208 Краснодар – Зенит Санкт Петербург (Премиер лига Русија, 18:00 часот)

Најдобриот руски тим ќе гостува кај екипата која што се соочува со егзодус и големи финансиски проблеми. Краснодар иако добро котира на табелата во Премиер Лигата (шесто место), тимот остана без странците кои што беа носители на играта.

Сето тоа поради агресијата на Русија во Украина, поради што клубот се соочува со навистина големи проблеми. Тие не се толку изразени кај Зенит, кој што е лидер во шампионатот, а за сигурен финиш на првенството, потребни му се сигурни три бода од денешната средба.

Предлог тип: 2-2 (2.00)

1649 Јонг Ајакс – ВВВ Венло (Ерсте дивисије Холандија, 20:00 часот)

Натпреварите од втората лига на Холандија секогаш се интересни за обложувачите, а така и оваа средба нè е исклучок.

Четири од последните пет дуели на овие две екипи биле со најмалку четири погодоци (1:3, 0:4, 1:4, 2:2, 3:0), па ќе биде и мало чудо дококу нема барем три погодоци на оваа средба.

Сепак, ние ќе бараме и овојпат 4+, а за такво нешто да се случи квотата е 1.95.

Предлог тип: 4+ (1.95)

- Оглас -

Најнови вести