6115 Словенија – Норвешка (18.00 часот)
Халанд и друштвото со победа во Љубљана може да си го обезбедат првото место во групата и да прослават влез во елитната Лига А. Словенците во четирите досегашни кола немаат победа, им се заканува испаѓање во Лига Ц, но тие извлекоа 0-0 на гостувањето кај Норвешка во јуни. Словенија е во резултатска криза, нема ниту една победа во 2022 година, додека Викинзите немаат пораз во оваа календарска година. Последните три меѓусебни дуели на овие селекции беа со 0-2 гола.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.92)
6107 Чешка – Португалија (20.45 часот)
Чесите во овој циклус тргнаа со победа над Швајцарија, но потоа освоија само еден бод во три меча. Кога овие селекции играа во Португалија летоска, Португалците триумфираа со 2-0. Португалија киксираше во претходното коло од Швајцарија која ги има само тие три бода, па сега Португалија не зависи само од себе дали ќе биде прва и ќе игра плејоф. Интересно е што кога играле Чешка и Португалија, секогаш имало победник, ремито е „забрането“.
Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.89)
6108 Шпанија – Швајцарија (20.45 часот)
Шпанија е прва, а Швајцарија последна во групата. Шпанците имаат две победи по ред, одат по хет-трик. Во јуни во Швајцарија, Црвената фурија победи со 1-0, вечерва во Сарагоса би требало да има некој гол повеќе. Швајцарија пред 12 години (на СП во Јужна Африка) ја извојува последната победа над Шпанија, а после тој пораз, Шпанците заредија победи и станаа светски прваци. Кога играат овие две селекции меѓусебе, обично нема голеади.
Предлог тип: 1 пдг & 1 (1.57)
6116 Србија – Шведска (20.45 часот)
Србија уште има теоретски шанси да биде прва и да се пресели во ранг погоре, добрата форма на офанзивците Митровиќ, Влаховиќ и Тадиќ се причина за оптимизам. Швеѓаните се во криза, имаат три порази едноподруго, еден од тие порази беше дома против Србија. Шведска е тим кој многу ретко игра нерешено, а и во меѓусебните дуели на овие селекции никогаш не било нерешено.
Предлог тип: 1 (1.95)
6117 Шкотска – Република Ирска (20.45 часот)
Британското дерби е голем мотив за двата тима. Во јуни, Ирска ја разби Шкотска со 3-0, и тоа е единствениот пораз на Шкотите во овој циклус. Шкотска има два бода плус од Украина со која се бори за прво место и преселба во Лига А. Ирците тргнаа со два порази, а потоа освоија четири бода во две кола, па со Ерменија се борат за опстанок во групата. Шкотска е најефикасен тим во Лига Б со 9 постигнати голови на четири меча.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.35)