Кога играат во свој стил, и петките се рутина за Барса

Барселона конечно се разигра под палката на Кике Сетјен, а настрада Леганес во прволигашката пресметка од осминафиналето во шпанскиот куп.

На „Камп ноу“ Барса го декласира ривалот од Мадрид со 5:0 и се приклучи во октетот најдобри во Копа дел Реј.

Гриезман и Ленгле со голови во првото полувреме ги разрешија сите дилеми околу патникот во завршницата на купот, а потоа на сцена стапи Меси.

Со два гола аргентинскиот волшебник ги дотолчи ривалите од Првата шпанска лига, а уште еден погодок постигна Артур.

Се очекува последниот патник во четврт-финалето, а дилемата ќе ја разрешат Мирандес и Севилја на меч што почнува сега, во 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести