Атрактивни четири дерби-дуела има во четири различни првенства во Европа, кои овој викенд се дел и од понудата на Спортската прогноза на Sport Life. Манчестер јунајтед има сè помалку навивачи кои веруваат дека овој тим може да победува во важните средби во Премиер лигата, па затоа и не е чудно што едвај 20 отсто очекуваат Црвените ѓаволи да триумфираат на гости кај Њукасл. Над 55 отсто од прогнозерите веруваат дека Њукасл ќе победи.
Кога има дерби во Италија, како по правило најголем е процентот на оние што веруваат дека ќе биде нерешено, па така речиси 45 отсто од прогнозерите се за „икс“ на дуелот Наполи – Интер. Над 50 отсто доверба имаат во Барселона и Феенорд, кои на свој терен играат против Атлетико Мадрид и ПСВ Ајндховен.
Вкупно 13 натпревари се дел од понудата и стандардно мисијата за сите е да се обидат да стигнат до Среќна 13-ка, односно да ги погодат фиксовите на сите понудени средби. Ако има таков експерт што ќе ги погоди сите 13 пара, прогнозерот ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5).
За 12 погодени фикса се добива вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката вреди ваучер од 500 денари во Sport Life.