Над 40 отсто од прогнозерите кои досега ги дадоа своите прогнози за дуелите од 16-тото коло веруваат дека двете дерби средби во италијанската Серија А може да завршат нерешено.
Јувентус во Торино го пречекува актуелниот првак Наполи и 42 отсто од прогнозерите очекуваат ова дерби да заврши без победник. Дерби ќе има и на „Олимпико“, каде што Рома ќе биде домаќин на Милан, а за оваа пресметка дури 47 отсто чекаат да биде „икс“.
Во Премиер лигата, Арсенал е домаќин на Манчестер јунајтед. Топчиите се лидери во првенството, блескаат во Лигата на шампионите, каде што се перфектни со седум победи, па сега се и големи фаворити за победа над Манчестер јунајтед, во што веруваат и речиси 70 отсто од прогнозерите.
Црвените ѓаволи во минатото коло го изненадија градскиот ривал Сити, па сега ќе атакуваат на победа, но за „двојка“ ќе навиваат помалку од 13 отсто од прогнозерите.
Вкупно 13 меча од најсилните лиги во Европа се дел од понудата за ова коло, а предизвик за сите прогнозери е да се обидат да стигнат до Среќна 13-ка, односно да ги погодат фиксовите на сите 13 меча. За перфектно типување следува подарок iPhone 16.
За 12 погодени фиксови се добива вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а 11-ката се вреднува со ваучер од 500 денари.


