Кога има ракометно дерби се знае: Начевски и Николов ќе ја делат правдат меѓу скандинавските гиганти

Последното коло од групната фаза на ракометниот турнир се игра на Игрите во Париз, а дербито ќе се игра од 19 часот меѓу ракометните велесили Данска и Норвешка. Овој дуел ќе биде и битка за првото место во групата Б. Норвешка киксираше против Египет и загуби, но ако сега успее да слави над перфектната Данска, ќе се искачи на врвот на табелата.

За едно вакво ракометно дерби нема дилеми кој ќе суди, македонската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат арбитрите на теренот.

Дуел за првото место ќе има и во групата А каде ќе играат Германија и Словенија. Во меч да се биде или не, Шпанија и Хрватска во меѓусебен дуел ќе решат кој тим ќе оди во четвртфиналето, а кој ќе испадне.

- Оглас -

Најнови вести