Жарарт Пике, кој сака еден ден да биде претседател на фудбалскиот клуб Барселона, синоќа го даде првиот гол за Каталонците во новата сезона, а љубовта кон клубот ја има уште од мал. Пике со прифаќањето да зема двојно помала плата, помогна Барса да ги регистрира Мемфис Депај и Ерик Гарсија и тие играа на мечот со Реал Сосиедад, за што фановите на Барса уште повеќе го засакаа дефанзивецот.
Пике објави и една стара снимка од пред 29 години, на која се гледа како тој му бара автограм на Роналд Куман. Тогаш Пике имал само 5 години, а Куман беше ѕвезда на Барса и човек кој со гол од слободен удар во финалето им ја донесе првата титула во Лигата на шампионите.
Вака изгледала првата средба на Пике и Куман:
https://twitter.com/i/status/1427195829740347397