Интер на својот стадион „Џузепе Меаца“ утревечер ќе игра против Баерн Минхен, во реванш-мечот од четвртфиналето во Лигата на шампиони. Италијанскиот првак има предност од 2:1 и сега пред своите навивачи ќе се обиде да го прослави пласманот меѓу четирите најдобри.
Во Милано е и Горан Пандев. Македонецот кој пред 15 години со Интер го освои пехарот во Лигата на шампионите. Таа година Пандев со Интер се радуваше и на трофејот на Светско клупско првенство. Тој е прв и засега единствен Македонец со овој пехар.
Токму со пехарот од Светско клупско првенство Пандев се фотографираше во просториите на Интер, а од клубот имаа порака: „Легендата на Интер е тука. Исто и трофејот“
View this post on Instagram