Кога изборот е мал, секогаш најлесно се прават добитни тикети

5718 Ал-Масри – Ал-Итихад (19 ч.)

Ал-Масри сезонава уште нема пораз и во седум меча има три победи и четири нерешени. Ал-Итихад е тимот на чии натпревари сезонава паѓаат најмногу голови, па нивната гол-разлика е 13 дадени и 15 примени гола (точно четири погодоци на меч).

Сепак, кога се работи за мечеви на овие два клуба, на 13 од последните 16 дуели немало повеќе од два погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.60)

 

1960 Алтинорду – Болуспор (14:30 ч.)

Меч од турската втора лига. Двата тима се во долниот дел од табелата, а Болуспор е со два бода повеќе од домаќините.

Традицијата на средбите меѓу овие клубови вели дека Алтинорду има четири победи и две нерешени во последните шест натпревари, а дури петпати во овој период имало меѓу 2 и 3 гола.

Предлог тип: 2-3 гола (1.96)

 

1961 Аданаспор – Кочаелиспор (17 ч.)

Кочаелиспор минатата сезона играше во третата лига, а сега тимот има амбиции дури и за влез во елитното турско натпреварување. Аданаспор сезонава дома во првенството има четири победи, три нерешени и само еден пораз.

Сепак, Аданаспор сезонава дома веќе еднаш загуби од Кочаелиспор, и тоа во Купот на меч одигран пред три недели. Кочаелиспор се радуваше со 2:1, а гостите најавуваат повторување на таа игра.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.05)

 

5789 Одиша – Гоа (15 ч.)

Одиша е омилен ривал на Гоа затоа што гостите се радувале шестпати, а двапати ремизирале во последните осум меча со овој ривал.

И според формата, гостите сега се во улога на фаворити, иако табелата покажува дека Одиша во шест досегашни кола има освоено два бода повеќе од Гоа.

Предлог тип: 2 (2.06)

 

2833 Бнеи Јехуда – Хапоел Петах Тиква (14 ч.)

Минатата сезона Бнеи Јехуда испадна од прва лига во Израел и сега главна цел на клубот е експресно враќање во елитата. Хапоел Петах Тиква сезонава веќе еднаш се радуваше, и тоа на свој терен победувајќи го Бнеи Јехуда со 2:1.

На девет од последните 11 меѓусебни дуели двата тима постигнувале погодок, па и сега може да се очекуваат погодоци во мрежите на двата клуба.

Предлог тип: ГГ (2.10)

- Оглас -

Најнови вести