1106 Моркомб – Хартлпул (ЕФЛ куп Англија, 20 часот)
Вечерва има голема програма од ЕФЛ купот на Англија, каде што ќе играат екипите од Лига 1, па надолу.
Еден од поинтересните натпревари се очекува да биде меѓу Моркомб и Хартлпул, екипи коишто ги дели една лига.
Во последните пет години одиграни се две средби, кои завршиле со три или повеќе погодоци (2:2, 3:0), па такво нешто очекуваме и вечерва, иако веруваме дека ќе има од еден до три погодоци во двете полувремиња посебно.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.88)
1260 Ист Фајв – Стенхаусмур (Лига 2 Шкотска, 20:45 часот)
Во Шкотска, пак, се играат две средби од Лига 2, а ние ви ја издвојуваме таа за којашто мислиме дека домаќинот ќе даде најмалку два погодоци.
Домаќинот игра топло-ладно пред своите навивачи, додека Стенхаусмур како гостин на четири од последните пет средби најмалку двапати ја вадат топката од својата мрежа.
Предлог тип: Т12+ (2.06)
1917 Калсдорф – Алерхејленген (Регионал централ Австрија, 19 часот)
И двата тима се во лоша форма и немаат победа на последните четири средби, додека Калсдорф пред своите фанови не знае за триумф од јули.
Со оглед на тоа дека ова е дуел на екипите од самото дно на лигата, јасно е дека можеби и нерешениот исход е најреалното нешто, а квотата во Sport Life за тоа изнесува 3.75, а токму тоа го сугерираат и последните две средби на овие екипи кога Калсдорф бил домаќин (1:1, 0:0).
Сепак, ние ќе се одлучиме за посигурна варијанта која гласи нерешен резултат кога било.
Предлог тип: Х Кога било (1.85)
1125 Енфилд таун – Кенвеј ајленд (НЛП Истмијан Англија, 20:45 часот)
Натпреварите од ниските англиски лиги се секогаш интересни за обложувачите и редовно знаат да има повеќе од три погодоци.
Такво нешто предвидуваме и на средбата меѓу Енфилд таун и Кенвеј ајленд, кои редовно, односно на четири од последните пет средби (5:1, 3:2, 1:5, 1:1, 2:1) одиграле ГГ&3+.
Традицијата особено е важна во Англија, а ние веруваме дека таа ќе продолжи и вечерва.
Предлог тип: ГГ&3+ (1.80)
1831 Туркгучу Минхен – Гројтер Фирт II (Регионална лига Баерн Германија, 18:30 часот)
Тимот од Минхен ќе мора да ја оправда фаворитската улога против последнопласираната екипа во оваа лига.
Добрата форма во којашто се наоѓа Туркгучу и трите победи еднподруго се најава за триумф над вториот тим на Гројтер Фирт кој има само осум бода по 11 натпревари и се наоѓа на дното.
Колку за информација, одиграна е една средба, и тоа во 2019 година, каде што токму Туркгучу се радуваше на победата и тоа од 2:0.
Предлог тип: 1-1 (2.25)