Анталијаспор го надигра Ризеспор со 3-1 во дуел од турската лига на кој стрелец на вториот гол беше Македонецот Адис Јаховиќ. За Јаховиќ, кој во јануари потпиша за тимот од Анталија, ова е трети гол во дресот на овој клуб и продолжи традицијата секогаш кога погодува (реализираше и против Касимпаша и Денизлиспор), Анталијаспор дава три гола и освојува три бода.
Денеска Јаховиќ погоди од пенал. Тој шутна во десниот агол, а иако голманот на гостите прочита на која страна, немаше шанса да го одбрани силниот шут. Голот беше во 73-тата минута, а девет минути подоцна Јаховиќ беше повлечен од игра.
Јаховиќ сезонава во турската суперлига даде 11 гола за Малатијаспор, па со 14 гола е при врвот на листата на стрелците. За Анталијаспор ова е трета победа по ред и веќе се во безбедна зона на табелата.