Кога Јуве последен пат не освои трофеј во сезона, првак на Италија беше Милан, а Интер го освои купот

Поминаа 11 години откако Јувентус претходен пат заврши сезона без да освои трофеј, како и оваа. Во таа кошмарна сезона 2010/2011, Јуве беше дури седми во Серија А, во Лига Европа испадна во групната фаза, а во Купот на Италија беше елиминиран во осминафинале.

Од наредната сезона после дебаклот, Јуве се пресели на новиот стадион, и почна доминација на домашна сцена со девет титули по ред во првенството.

Во таа пролет 2011 година, фудбалските околности беа поинакви од оние што се сега, но во Италија, може да има идентична ситуација. Милан ја освои Серија А, а Интер го зеде купот, опција која може да се случи и сезонава ако Росонерите го освојат Скудетото.

Во англиската Премиерлига, титулата ја освои Манчестер јунајтед, а првак на Германија беше Борусија Дортмунд, додека Баерн беше трети. Шалке 04 тогаш со Нојер на голот, играше полуфинале во ЛШ, а сезонава беше второлигаш. Манчестер сити го зеде ФА купот, нивен прв трофеј после 35 години.

Тогаш Гвардиола за последен пат ја освои Лигата на шампионите, а со Барса ја освои и титулата во Шпанија. Двојна круна во Франција освои Лил, а ПСЖ беше четврти и тоа лето беше купен од Катарците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести