Натпреварите од четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите „им се погодија“ на играчите на Sport Life, кои повторно покажаа дека се одлични типувачи, и тоа со школска игра на конечен тип.
Во уплатно место на Sport Life во Илинден е одигран тикет со девет натпревари кои на обложувачот му донесоа нето-добивка од 70.870 денари, и тоа со вложени 100 денари.
На тикетот има натпревари само од Лигата на шампионите и на сите е типувано само на конечен тип.
Без проблеми до победите дојдоа Реал Сосиедад, Ред Бул Лајпциг, Борусија Дортмунд, Порто и Атлетико Мадрид.
Милан славеше со 2:1 против ПСЖ во дербито на колото, и тоа со пресврт откако Светците постигнаа прв гол. Лацио и ПСВ остварија минимални победи, додека највозбудливо беше на стадионот „Паркен“, каде што Копенхаген во инфаркт-натпревар со 4:3 го совлада Манчестер јунајтед.
Јунајтед водеше со 0:2 и 2:3, но данскиот тим со два гола во финишот, во 83-тата и во 87-мата минута, направи пресврт и дојде до победата, а со тоа му донесе одлична заработка на играчот во Sport Life.
ПОГОДИ ДЕКА БАРСЕЛОНА ЌЕ ЗАГУБИ И ДОЈДЕ ДО УБАВА ДОБИВКА
И во Гостивар беше уплатен тикет со школска игра на конечен тип на натпреварите од ЛШ кој донесе нето-добивка од 35.422 денари со уплата од 100 денари. Тука обложувачот бил храбар и одиграл на победа на Шахтар над Барселона и погоди квота од 12.00. Украинскиот тим славеше со 1:0 благодарение на голот на Сикан.
На останатите натпревари немаше многу возбудувања, Борусија без проблеми го совлада Њукасл со 2:0, Порто беше подобар од Антверпен, Лацио од Феенорд (1:0), Ред Бул Лајпциг од Црвена ѕвезда (2:1), Реал Сосиедад од Бенфика (3:1), додека Атлетико Мадрид го торпедира Селтик (6:0)