Најдобриот тренер на сите времиња, Жељко Обрадовиќ, синоќа уште еднаш покажа колку може да биде незгоден за играчите кои ги тренира. Освојувачот на девет европски титули со пет различни клубови, многу се налути за време на мечот меѓу Макаби и Фенербахче.
Обрадовиќ повика тајмаут при негатива на неговиот тим од 38:30, а најлошо помина грчкиот играч од Фенербахче, Костас Слукас.
„Костас, сега ме прашуваш која акција да ја одиграме?! Цел живот чекате на моја одлука. Цел живот и ти и сите вие!“, викаше на сиот глас Обрадовиќ, упатувајќи страшен поглед кон играчите на Фенербахче.
По „лекцијата“ од тренерот, Слукас заигра одлично и на крајот со 18 поени беше прв стрелец на мечот, а Фенербахче направи пресврт и победи.
https://twitter.com/srlacivertcom/status/1065697222413770753