Големото англиско дерби меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал е причината поради која имаме нов најголем погоден коефициент на online тикет во Sport Life. Во тек е третата етапа од Погоди најголем коефициент на Online тикет, каде што најдобриот на подарок ќе добие мобилен телефон „ајфон 11“!
Понудата од Специјален синг за дербито Манчестер јунајтед – Арсенал ја искористил Бојан А, кој на тикетот направен преку online на Sport Life прогнозирал и погодил дека Пјер-Емерик Обамејанг ќе биде стрелец на првиот погодок на „Олд Трафорд“, дека Арсенал прв ќе добие пенал, но и дека Топчиите први ќе постигнат погодок.
На крајот дебито заврши со победа на гостите од 1:0, а голот го даде токму Обамејанг, и тоа од пенал, па со „еден удар“ се поклопија сите три прогнози.
Освен трите игри од англиското дерби, на добитниот тикет на кој има вкупен коефициент 1643.99, погодени се и три меча од првенството на Јужна Кореја. На сите три меча тактиката е иста. Домаќините да водат на полувреме и на крајот да победат, а да има меѓу 2 и 5 погодоци. Конечните резултати се: Јеонбук – Саегу 2:0 (2:0), Улсан – Гвангжу 3:0 (2:0), Жежу јунајтед – Сеул 3:2 (1:0).
Третата етапа од Погоди најголем коефициент на Online тикет трае до 7 ноември.