Кога ќе погодите четири меча T1 3+I, одличната заработка е загарантирана

Екипите на Ајнтрахт, Баер Леверкузен, Ливерпул и Фиорентина на своите мечеви синоќа од Лигата на Европа и Конференциската лига во првите полувремиња даваа три или повеќе голови, а тоа донесе одлични добивки за обложувачи од Штип и Чаир бидејќи квотите за оваа игра се големи.

Во уплатно место на Sport Life во скопски Чаир, обложувач уплатил 200 денари дека овие четири тима ќе дадат три или повеќе голови во прво полувреме, ги погоди сите мечеви, што му донесе бруто-добивка од 270.642 денари. Квотите за секој меч одделно на тикетот беа од 5.70 до 7.00.

Тикет со истите четири пара и истата игра Т1 3+I е уплатен и во Штип, но таму уплатата е 50 денари, па бруто-добивката е 60.716 денари.

ИГРАЧ ОД СВЕТИ НИКОЛЕ ТРЕБА ДА МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА КАПИТЕНОТ НА БОДО/ГЛИМТ

Во Sport Life во Свети Николе е исплатен тикет со бруто-добивка од над 121 илјада денари (уплата од 100 денари) откако обложувач погодил десет пара од европските мечевите играни синоќа, а игрите се на голови.

Овој играч бркал голови и има микс од игри како ГГ и 3+, 2+I&4+, 4+, 2+ полувреме, 1&3+. Квотите се од 1.69 до 2.90.

Најкритичен му бил мечот Бодо/Глимт – Бешикташ, каде што беше потребно и гостите да дадат гол, а тоа се случи дури во 91-вата минута, и тоа погодокот не го дадоа тие, туку беше автогол кој си го даде капитенот на норвешкиот Бодо, Мое.

- Оглас -

Најнови вести