Кога ќе се спојат виртуози како Ромарио и Роналдињо, шоуто е неизбежно (Видео)

Ромарио и Роналдињо се бразилски генијалци, секој во своето време кога настапуваше. Ромарио го предводеше Бразил до светската титула на Мундијалот во САД во 1994 година, а Роналдињо беше дел од златната генерација на Кариоките на Светското првенство во 2002 година.

Роналдињо пред неколку години стави крај на кариерата, додека Ромарио веќе има 55 години и речиси 15 години не игра активно. Сепак, двајцата не можат без фудбалот, па се појавија во пар на еден турнир во одбојка на плажа со нозе.

На прославената плажа Копакабана, Ромарио и Роналдињо направија шоу, а публиката уживаше.

 

- Оглас -

Најнови вести