Кога ќе се види оваа табела, титулата на Ливерпул добива посебна тежина

Ливерпул испиша историја откако стана првиот клуб кој успеал да ја освои титулата во Премиер лигата, и тоа на седум кола до крајот. Пред Ливерпул останува предизвикот да постави уште неколку рекорди кои реално им се на дофат, посебно ако продолжат да играат во ист ритам како досега.

Тоа што е факт за оваа сезона е дека Ливерпул до титулата стигна со неверојатно мали трошоци за нови играчи во претходните два трансфер-периоди. Кога се работи за купувањето играчи пред стартот на сезоната и за време на зимскиот преоден рок, Ливерпул потроши само 8,6 милиони фунти, и тоа дадени само за еден играч. На „Енфилд роуд“ пристигна Такуми Минамино од Салцбург, а потрошените 8,6 милиони фунти се премалку за европски гигант.

Во изминативе 10 години, на таблицата на тоа колку пари потрошиле шампионите во Англија, ова е втората најмала потрошена сума на шампион. Манчестер јунајтед во сезоната 2010/11 потроши само 6,3 милиони фунти, а неверојатен е фактот дека Манчестер сити за сезоната 2017/18, кога стана првак, потроши дури 284,4 милиони фунти.

Иако Ливерпул во овие 12 месеци купи само еден играч, сепак не смее да се заборави дека Јирген Клоп создаваше шампионски тим во претходните сезони. Претходната сезона Ливерпул потроши 156 милиони фунти, а една сезона претходно беа потрошени 164 милиони фунти за нови играчи. Едноставно, Ливерпул пред повеќе од една година го состави шампионскиот тим, но му требаше малку време за да се воигра и да доминира како што не доминирал никој претходно во Премиер лигата.

 

View this post on Instagram

 

This stat is incredible 👏

A post shared by talkSPORT (@talksport) on Jun 30, 2020 at 1:18am PDT

 

- Оглас -

Најнови вести