Празници се ближат, а на неверојатниот типстер од Скопје, кој во објектот во Чаир успеа да „закачи“ добивка од 5.000 евра, навистина ќе му бидат сериозно разубавени и пријатни.
Среќниот обложувач вчера уплати тикет со 30 дена да си ја испроба среќата и шест-седум часа подоцна стана побогат за 343.538 денари. Добитната формула можете да ја погледнете, навидум непознати тимови и разновидни игри на голови, но со големи квоти. Погоди шест натпревари и се збогати.
Одлична добивка непосредно пред Нова година и во Демир Хисар. Тој со малку поинаква тактика, наредил 12 натпревари со идентична игра да паднат најмалку еден, а најмалку три гола во двете полувремиња. На крајот се радуваше на одлична добивка од 98.622 денари.