Зинедин Зидан би бил главен кандидат за селекторското место на Франција, кога тренерот ќе реши да си замине од Реал Мадрид. Ова денеска го потврди претседателот на фудбалската федерација на Франција, Ноел Лу Грат.
„Ако Дешан реши да си замине прв кандидат за негова замена ќе биде Зинедин Зидан. Имаме одличен однос со него и сигурен сум дека и тој би сакал да биде селектор“, рече првиот човек на француската фудбалска федерација.
Актуелниот договор на сегашниот селектор Дидие Дешан е до 2022 година, баш кога истекува и договорот на Зидан во Реал Мадрид. Најавите од Франција се дека Дешан сигурно ќе ја води Франција на Европското првенство ова лето, а треба да биде предводник и на Светското првенство во Катар следната година.
Франција е актуелен светски владетел по триумфот на Мундијалот во Русија во 2018 година.